January 28, 2022 19:46
Македонија

Судскиот совет избра претседател на Управен суд и вршители на должност на три основни судови

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. На конечната листа за избор имаше петмина кандидати за оваа функција. Сејдини беше претседател на Управен суд во период од 2017-та до 2021 година.При неговиот избор беше нагласена неговата професионалност, организираност, искуството и резултатите кои ги има постигнато.

На седницата Судскиот совет определи вршители на должноста претседател во неколку основни судови, Куманово, Ресен и Тетово. Досегашната претседателка Снежана Манев ќе раководи со Основен суд Куманово. За Основен суд Ресен е определена Емељ Кранли Али, која исто така до сега беше на челната функција во судот. Хасан Асани, досегашниот претседател на судот во Тетово е определен за вршител на должност. Тројцата претседатели се определни за вршители на должност поради континуитетот во работата на судовите, а на функцијата ќе останат одреден период, до официјален избор на претседатели.

Со оглед дека во неколку судови има определено вршители на должност, Судскиот совет објави огласи за избор на претседател на основните судови во Куманово, Ресен, Тетово, Берово и за Основен кривичен суд Скопје.

 

 

anime online. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

free anime online Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

4Anime One-Punch Man Episode 7

4Anime TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy-

4Anime Attack on Titan Episode 21

free anime online WONDER EGG PRIORITY