June 26, 2022 05:13
Македонија

Судска пресуда за рушењето на „Космос”, ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија

Денешната судска пресуда за предметот „ТНТ” за одмазничкото рушење на „Космос” уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија.

Во случајот, на затворски казни се осудени веќе докажаните криминалци и повеќекратни осуденици, Никола Груевски и Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Пресуда по пресуда се потврдуваат сите индиции за сторени тешки криминали кои беа објавени преку проектот „Вистината за Македонија”, се потврдија наводите дека Никола Груевски е инспираторот на најголем дел од кривичните дела, а Миле Јанакиески негов најревносен извршител.

Тоа е истиот Груевски кому Мицкоски отпрвин му беше советник по енергетика а потоа и генерален секретар на партијата, истиот Груевски кој Мицкоски го инсталираше во фотелјата во Белиот дворец.

Затоа Мицкоски до ден денес, ниту го има осудено криминалот на ВМРО-ДПМНЕ ниту се извинил, напротив, тој со сета сила ги брани криминалците во своите редови.  

Мицкоски денес во белиот дворец е опкружен со луѓе од режимот, со личности против кои се водат судски процеси, а партијата му ја раководи Груевски од Будимпешта.

ВМРО-ДПМНЕ денес е истата непроменета криминално – режимска партија која работи против интересите на граѓаните и државата.

 

go88 go88.mobi

https://tai.sunwin.gg/