August 13, 2022 16:41
Македонија

Судската полиција му порача на Тупанчески дека сака повисоки плати за 15 отсто

Министерот за правда Никола Тупанчески ги прими на разговор претставниците на Независниот синдикат на судската полициј на која беше информиран за барањата на судската полиција за зголемување на платата за 15%.

Договорено е најдоцна до крајот на неделата  да се воспостави комуникација со Министерството за финансии околу обезбедувањето на финансиски средства.

Министерството за правда ќе стори се што е во негова надлежност за подобрување на  материјалната состојба на вработените во судската полиција.