Спорт

Судот одлучи, Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија

Сојузниот суд во Австралија донесе пресуда против Новак Ѓоковиќ.

Со ваквата судска одлука Ѓоковиќ ќе остане без настап на турнирот кој го освои рекордни девет пати. Тој ќе остане без шанса да го освои 21. Грен слем во кариерата и на тој начин да им побегне на Роџер Федерер и Рафаел Надал кои имаат и по 20 титули. Местото на Ѓоковиќ на ждрепката ќе го заземе петтиот тенисер во светот Андреј Рубљев и во првото коло ќе игра против сонародникот на Ѓоковиќ Миомир Кецмановиќ, изветсуваат агенциите.

Медиумите потсетуваат дека министерот Хок му ја одби визата на Ѓоковиќ и во изјавата рече дека одлучил да ги искористи своите овластувања од Законот за миграција за да ја одземе визата врз основа на зачувување на здравјето и јавниот ред, и дека тоа било во јавниот интерес.

Најдобриот светски тенисер пристигна во Австралија со медицински доказ за ослободување од вакцинација. Но прво му беше одбиена визата, а потоа ја доби по жалбата на суд. Но, австралискиот министер за имиграција Алекс Хок му ја одби визата и двете страни повторно завршија на суд, анализираат медиумите.

Ѓоковиќ, кој наскоро ќе биде депортиран од Австралија, рече дека е многу разочаран од одлуката на судот.

„Би сакал да дадам кратка изјава за да ги сумираме настаните денеска пред судот. Ќе одвојам малку време да се одморам и да соберам енергија, пред да дадам дополнителен коментар за сето ова.Крајно сум разочаран од одлуката на судот да ја отфрли мојата апликација за судско разгледување на одлуката на министерот да ми ја укине визата, што значи дека не можам да останам во Австралија и да учествувам на Австралија опен. Ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам, не сум среќен што фокусот во изминатите недели беше на мене, и се надевам дека сега сите ќе се концентрираме на играта и турнирот што го сакам“, изјави тој.

Им се заблагодари на сите кои го поддржаа во таквата борба изминатиот период.

„Би сакал да им посакам на играчите, официјалните лица на турнирот, персоналот, волонтерите и навивачите се најдобро на турнирот. На крајот, им благодарам на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите, моите драги Срби за нивната континуирана поддршкa, тие беа голем извор на сила за мене“, заклучи најдобриот тенисер во светот.

anime website. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

anime sites My Hero Academia Season 5

Banished from the Hero’s Party, I Decided to Live a Quiet Life in the Countryside

AnimeFreak Banished from the Hero’s Party, I Decided to Live a Quiet Life in the Countryside Episode 6

AnimeFreak Attack on Titan Season 3 Episode 8

AnimeFreak My Hero Academia Season 3

tải go88