September 19, 2019 13:00
Свет

Судот во Киев нареди отворање предмети против Порошенко и Климкин

Судот во Киев му нареди на Националното биро против корупција  да отвори предмети против поранешниот претседател Петро Порошенко  и поранешниот министер за надворешни работи Павел Климкин заради злоупотреба на службената положба.

Украинските медиуми наведуваат дека името на подносителот на барањето за отворање на постапките не се наведува, но се даваат детали дека лицето предало пријава за кривични дела сторени од Порошенко и Климки, јави Тасс.

Барањето е поднесено на 15 јули , а судот на 15 август наредил да се почне постапката.

Против Порошенко во моментов се водат повеќе постапки.

Нови вести

Трамп: САД можат да влезат во која било земја само со еден телефонски повик

Valentina

Џон Болтон: Обидите на Трамп за преговaрање се осудени на пропаст

zane

Американски генерал: Предноста на НАТО во однос на Русија се истопи

zane