December 1, 2020 03:28
Балкан

Судир на товарен брод со пловило на грчката воена морнарица

Рано утрово во морскиот дел во близина на атинското пристаниште Пиреас, од засега непознати причини, се судрија два брода, едниот на грчката воена морнарица, а другиот, товарен што плови под португалско знаме. Според грчките медиуми, полесно се повредени двајца од 27 членови на екипажот на воениот брод.

Од воената морнарица соопштуваат дека ги преземаат сите неопходни активности, а со помош на реморкер, воениот брод кој претрпе штета по судирот, се извлекува од морето.