December 16, 2019 08:10
Балкан

Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Пред атинскиот Економски факултет денеска избувна судир меѓу група од околу 80 лица кои влегоа во зградата на факултетот и полицијата која се обиде да ги извади.

Во меѓувреме, Универзитетскиот сенат донесе одлука дека факултетот нема да работи до 17 ноември кога се одбележува годишнината од востанието во Атина, односно студентските протести во 1973 година, пренесува АНА.

Претходно полицијата користеше солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлаа камења и други предмети кон нив.

Досега никој не е уапсен.

Нови вести

Турција планира изграда на мега проект – Канал Истанбул

zane

Рама: Целиот процес на обнова по земјотресот ќе заврши во 2021 година

zane

Уапсени три лица од Косово за пукање во Црна Гора, повреден е полицаец

zane