October 29, 2020 18:42
Свет

Суга и Трамп телефонски разговараа за соработката меѓу Јапонија и САД

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за понатамошната соработка меѓу САД и Јапонија.

– Му реков (на Трамп) дека јапонско-американскиот сојуз е темел на регионалниот мир и стабилност и се согласивме да продолжиме со тесна соработка, изјави Суга доцна синоќа по разговорот со Трамп.

Суга рече дека во разговорот се согласиле да соработуваат во борбата против коронавирусот и кога станува збор за ракетни и нуклеарни закани од Северна Кореја.

Тој додаде дека Трамп му рекол дека сака уште повеќе да го развива сојузот меѓу двете земји.

Јапонското Министерство за надворешни работи утрово објави дека во 25-минутниот разговор станало збор и за соработка во развојот на вакцини против кКвид-19. Суга го наследи Шинѕо Абе, кој минатиот месец најави оставка поради здравствени причини.