December 7, 2019 22:18
Македонија

Сугарески: Над 100 милиони евра инвестиции за патишта во југоистокот

Инвестициите во капитални објекти се реализираат како никогаш досега. Во моментот во овој регион реализираме инвестиции од над 100 милиони евра само во изградба и реконструкција на патишта, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, при денешниот увид во реконструкцијата на регионалниот пат Штип – Радовиш.

Како што потенцира тој, Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта се фокусирани на изградба на капиталните објекти.

„Особено очекувам драстично зголемување на капиталните инвестиции во вториот квартал бидејќи нема регион или место во државава каде што не се одвиваат градежни активности, било во патишта било гасификација, железници, комунални проекти или проекти што ги реализираат локалните самоуправи со сопствени средства“, посочи министерот.

Како што нагласи, за него, најважна е брзата динамика на изградба и реконструкција на патната мрежа.

„Само во Југоисточниот Регион во овој момент се реализираат инвестиции од над 100 милиони евра во изградба на патишта и според нашите проекции, ќе се завршат сите во рамките на договорените рокови“, изјави Сугарески.

Тој потенцира дека е завршена изградбата на магистралниот гасовод од Штип до Неготино, кој, како што рече, е многу значаен проект за целата држава.

Нови вести

Героски: „Бомбата“ за Камчев фрлена во бункерот на Заеви

Igor

Груевски: Пендаровски фатил два вируси од СДСМ, едниот е опсесијата со мене, вториот лажењето

Igor

Заев: Со своето дело Св. Климент Охридски не задолжи сите, како што успеал тој да се обидеме да успееме и ние

Igor