October 20, 2020 18:52
Спорт

Суарез Наваро ја започна својата најважна битка

Поранешната шесторангирана тенисерка во светот Карла Суарез Наваро на Инстаграм објави своја фотографија од болницата каде го започна третманот за Хочкинов лимфом. На 1 септември Шпанката објави дека и е дијагностицирана подмолната болест, а сега веќе започна шестмесечниот курс на хемотерапија на кој треба да се подложи.

Триесет и две-годишната Шпанка има 2 ВТА титули во сингл и 3 во двојки. Поединечно, таа стигнала до четвртфиналето на сите Гренд слем турнири, освен Вимблдон.

Хочкинов лимфом, познат како малигна лимфогранулуломатоза и Хочкинова болест, е канцерогено заболување на лимфниот систем што е дел од имунолошкиот систем. Може да влијае на луѓе од која било возраст, но најчесто е кај луѓе на возраст од 20 до 40 години и над 55 години.