August 24, 2019 20:17
Свет

Стјуардеса почина од мали сипаници, се заразила за време на лет

Израелска стјуардеса починала, откако неколку месеци била хоспитализирана бидејќи се заразила со вирус на мали сипаници, соопшти израелското министерство за здравство.

Четириесетитригодишната стјуардеса, мајка на три деца, била примена во болница во март, откако допатувала ао авион од Њујорк.

Таа била вакцинирана против мали сипаници само еднаш, наместо двапати, како што се препорачува. Министерството навело дека нејзиното здравје било влошено со енфацилитис и имуниот систем ѝ колабирал, но не објавило дали стјуардесата се заразила со мали сипаници за време на летот.

„Џерулазем пост“ пишува дека стјуардесата била во контакт со заразен патник о наведува дека авионот на израелската компанија ЕЛ АЛ, полетал од меѓународниот аеродром „Џон Кенеди“ на 26 март и слетал во Тел Авив следниот ден.

Неколку дена подоцна таа била примена во болница по што паднала во кома.

Нови вести

НАСА истражува први обвинувања за криминал во вселената

Igor

Штрајк во „Бритиш ервејз” ќе предизвика пет денови откажување на летови

Igor

Бразил ангажира 44.000 војници поради пожарите во Амазон

Igor