April 23, 2019 00:46
Скопје

Студентска депонија под прозорците на „Пелагонија“

„На академските граѓани од студентскиот дом „Пелагонија“ им е тешко ѓубрето да го носат до контејнер па го фрлаат низ прозор“ …

Вака гласи еден коментар на кој налетавме на социјалните мрежи под кој е постирана фотографија која го покажува токму тоа што се наведува .

Еден куп фрлени кеси со ѓубре е сликата која се забележува на постираната фотографија на која меѓу другото пишува:

– „Што ќе ни е политика кога нам ни треба колективно некој да ни расчачка по тоа главите и еден добар час по општа култура, хигиена, комуникација, ресоцијализација…-“

Повеќе од очигледно е дека за оваа слика позади студентскиот дом се заслужни оние кои престојуваат во него.

По објавата на оваа вест, утре од 12.30 часот, ЈП „Комунална хигиена” –Скопје ќе започне акција за чистење на енормната количина на насобран отпад во дворот на студентскиот дом „Пелагонија”, во општината Кисела Вода.

„И покрај фактот дека чистењето на ваквите површини не спаѓа во ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена” –Скопје, Претпријатието ќе ги спроведе овие активности, со цел да се спречи ширењето на зарази и да се заштити животната средина“, велат од КХС.

Од таму упатуваат и апел за совесно постапување со отпадот и штетноста од создавањето на дивите депонии коишто директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.

Нови вести

Градоначалникот Филип Темелковски на сите верници им го честита Велигден

Filip

Водовод извршил редок тип на интервенција: Санирале дефект без да ги поместат пругите

Igor

Промоција на првиот интерактивен водич за Скопје „Здраво Скопје“

Igor