Македонија

Студентите делумно задоволни од дигиталната настава, го преферираат традиционалниот начин

Студентите сe делумно задоволни од дигиталната настава и го преферираат традиционалниот начин, покажуваат резултатите од анкетат спроведена од група студенти на ФИНКИ. Истражувањето е дел од проектот на тема „Дигитална настава”, во рамките на предметот „Медиуми и комуникации”.

-Идејата за оваа анкета произлезе од новонастанатата ситуација со КОВИД 19 која е се’ уште актуелна. Ние како студенти поради сето тоа се соочуваме со предизвик кој е доста нов за нас, а тоа е дигиталната настава. За таа цел спроведовме анкета чија цел ни беше да ги осознаеме и поттикнеме мислењата на студентите во врска со неа и нејзината практика и после оваа состојба на пандемија. Поголемиот дел од студентите го оцениле нивното искуство со оцена 4, само 32,9% од нив го преферираат дигиталниот начин на настава, велат авторите на анкетата.

Резултатите покажале дека што се однесува до онлајн колоквимуите ( испитите ) дури 63,1% од испитаниците одговориле потврдно на прашањето дали полагале онлајн, но дури 79 испитаници ( 31.7% ) воопшто не се задоволни од самото оценување.

Ова се резултати на спроведената анкета на која одговориле дури 249 испитаници од
универзитетите ширум Северна Македонија.

Самата анкета броела 12 прашања и нејзина целна група била токму студентите.

Ова истражување го спровеле студентите Виктор Ивановски, Катерина Глигоровска,
Војдан Ристовски и Александар Саша Спирковски.