Балкан

Студентите во Тирана на протест, бараат намалување на партиципацијата за високото образование

Илјада студенти на државните факултети денеска во Тирана го блокираа сообраќајот пред Министерството за образование барајќи намалување на партиципацијата за високото образование.

Албанската влада вчера го прифати барањето на студентите и се откажа од двослојните надоместоци за повторување на испитните предмети, но соопшти дека не може да влијае на висината на школарината.

Студентите тврдат дека ќе ја бојкотираат наставата додека нивните барања не бидат прифатени. Протести се организирани и во други градови, јавува АП.

Годишната партиципација изнесува од 180 до 3.000 долари.

Студентите бараат и подобри услови во сместувачките капацитети, а се залагаат и да бидат застапени во управите на универзитетите.

Нови вести

Вонредните локални избори во северно Косово почнаа без проблеми

Daniela

Вучиќ го отвори за сообраќај јужниот крак на Коридорот 10

Igor

Воени бродови на НАТО впловија во Драч

Igor