February 23, 2019 08:31
Хроника

Стружанка доби кривична пријава за крадење пари и напуштање на децата

 Жителка на струшкото село Шум доби кривична пријава од надворешната канцеларија за криминалистички работи – Струга за „запуштање и малтретирање на дете“ и „кражба“.

СВР Охрид денеска соопшти дека 29-годишната А.А. на 30 септември го напуштила сопругот, семејниот дом и трите малолетни деца.

Претходниот ден, како што е наведено во соопштението, пријавената, во куќата на нејзиниот свекор Ф.А. кој живее во соседното село Заграчани, извршила кражба на пет илјади евра и златни предмети.

Related posts

Фрлиле молотов коктел кон возило во скопска Автокоманда

24news

Градежен работник починал откако негов колега го прегазил со камион

24news

Две лица каснати од куче вчера во Скопје

24news