August 2, 2021 11:08
Спорт

Стратев анализира за „24инфо“: Реформираната Италија одигра најдобар фудбал и заслужено го крена пехарот на ЕП

Европа има нов фудбалски првак Италија ! Селекцијата која го отвори 16. Европско првенство со триумф во Рим го заврши со кревање на победничкиот пехар на Вембли во Лондон, против „домаќинот“ Англија со подобро изведување на ударите од белата точка откако по два часа игра немаше победник (1:1 – 3:2 на пенали). Ова првенство кое во чест на 60-годишнината од одржувањето на првото првенство, УЕФА одлучи да се игра во 11 градови ширум „стариот континент“ ќе биде забележано како едно од најизедначените на кое од 15 натпревари во нокаут-фазата дури осум се решаваа во продолженија, а четири по иведување на пенали.

Голманот Донарума го расплака „Гордиот Албион“ кај кого ниту дождот не можеше да ги сокрие солзите, меѓу фудбалерите и навивачите во земјата колепка на фудбалот, која првпат играше финале на ЕП и тоа во својот храм Вембли и на крајот остана со поразни раце.

За „24инфо“ завршниот натпревар на ЕП го анализира Зоран Стратев, поранешен македонски селектор, трофеен тренер на домашната клупска сцена и „учител“ на последните двајца македонски селектори кога беа играчи во Цементарница, Игор Ангеловски под чие водство  „црвено-жолтите“ дебитираа на ова ЕП, новиот предводник на сениорите Благоја Милоевски кој пак во 2017 година со тимот до 21 година го скрши мразот кога станува збор за настапите на една македонска селекција на завршниците. Стратев сега е одговорен во ФФМ за работата со младите селкции на Македонија.

– Реформираната италјанска фудбалска репрезентација, која своевремено играше на резултат со акцент на одбраната, тотално ја сменила својата филозофија на игра и сосема заслужено стигна до титулата на ЕП. Италија играше најубав фуадбал на ова ЕП. Впрочем тоа е тим кој под водство на Мначини почнувајќи од 2018 година 34 натпревари не знае за пораз. Добро ја надградила својата игра на резултат со офанзива и за гол повеќе од противникот што го покажа и во финалето против Англија, која иако како домаќин, бидејќи освен еден излет до Рим сите мечеви ги играше на Вембли, од групата и нокаут-фазата, но тоа не и беше доволно на крајот да се радува против тимот на „аѕурите“ кој допрва ќе доминира на фудбалската сцена, бидејќи со исклучок на ветераните Бонучи и Кјелини пред другите играчи претстојата уште многу репрезентативни предизвици.

Немаше да биде незаслужено ако на пенал рулчетото среќата ја поскаша и Англија, за која мечот почна како што поскауваше, со најбрзиот гол на еден финален натпревар од ЕП уште во 2. минута. Добро парираа, беа носени во клучните моменти од речиси полните трибини на Вембли, но Италија докажа дека во вакви финални завршници нема домаќини и гости. По половина час откако „аѕурите“ се созедоа од англискиот шок доминираа до крајот на регуларниот дел и двете продолженија, не искорситија од ретките прилики да направат целосен резултатски пресврт, но на пенал-рулетот беа психолошки постабилни. Саутгејт со одлуката да им ја довери одговрноста на малдите напаѓачи Рашфорд, Санчо и Сака да изведуваат пенали сметам дека им наметна преголем психолошки товар. Не го издржаа,  а голманот Донарума ги прочита и ги расплака. Италија ќе го слави својот голман, кој удри печат на ова ЕП.

(Д.Н.)

Поврзани вести

Нови 72 случаи на Ковид, нема починати

Igor

(Фото) Заев, Вучиќ и Рама од Економскиот форум: Започнува нова ера на соработката за интегриран и поврзан регион како европска вредност

Igor

На Камчев му се споиле притисоците, а во „Шутка“ го лекуваат со сол и газирана вода

Igor

AnimeBee: Ghost in the Shell: Arise - Border 1: Ghost Pain (Dub) anime episode Full online free at https://animebee.to watch anime free

AnimeDao: Shoujo☆Conto All Starlight anime episode 26 online free at https://animedao.nl animedao boku no hero academia

KissAnime: Cobra The Animation anime episode 13 online free at https://kissanime.mx kiss x sis kissanime

Reverbnation: https://www.reverbnation.com/artist/animefreakws

Mapleprimes: https://www.mapleprimes.com/users/kissanimemx

Dpi hochiminhcity: http://www.dpi.hochiminhcity.gov.vn/Lists/GopY/DispForm.aspx?ID=3766