April 22, 2019 04:44
Македонија

Стражар пукал во лице кое се обидело да влезе во касарната „Гоце Делчев“

Изутринава во 02.53 часот е спречен обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев” во Скопје. Војникот што бил на стража постапувајќи според пропишаните процедури и постапки повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрели во воздух. Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога. Согласно процедурите му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница. Веднаш се известени надлежните истражни органи.

Воена полиција, МВР и јавен обвинител излегле на местото на настанот. Сите релевантни информации и докази за настанот се предадени на надлежните органи кои работат на расчистување на случајот.

Нови вести

Пендаровски победник во првиот круг, освои 4.500 гласа повеќе од Силјановска

Igor

Како другите медиуми известуваа за македонските избори

24news

Мицкоски: Ја победивме хотел коалицијата

Igor