December 12, 2019 20:11
Свет

СТО: ЕУ не ги запре илегалните субвенции

– Светската трговска организација (СТО) денеска пресуди дека Европската унија не го спровела налогот за запирање на илегалните субвенции за компанијата Ербас, поради што американската администрација во октомври воведе царини на речиси 7,5 милијарди долари европска стока.

Панелот на СТО, во својата одлука, наведе дека ЕУ не ги презела потребните чекори со цел да запре да нанесува штета на американскиот Боинг, голем конкурент на Ербас. Се очекува ЕУ да поднесе жалба, иако САД наскоро ќе спречи жалбеното тело на СТО да одлучува по новите жалби.

Еврокомисијата, во одговорот на одлуката го критикуваше панелот поради „бројни сериозни правни грешки во оценувањето на европското придржување до налогот” и оцени дека препорачаните видови на примена на налогот би биле „многу проблематични за поголемиот дел од членките на СТО”.

Нови вести

Во Украина уапсени неколку лица поради убиство на новинар

zane

Хемиски напад во Парламентот на Грузија

zane

По три месеца, отворен аеродромот во Триполи

zane