Спорт

Стојчев нов тренер на „Академија Пандев”

Ѓорге Стојчев е назначен за нов шеф на стручниот штаб на струмичкиот фудбалски прволигаш „Академија Пандев”. Тој доаѓа на местото на досегашниот прв стратег, Александар Васовски, кој замина во ФК „Сараево”.

-Раководството на клубот одлучи дека Стојчев е најдоброто решение за тренер на сениорскиот тим и ја има целосната доверба од сите во клубот. Стојчев е дел од „Академија Пандев” од самото формирање, најпрво како тренер во младинските категории, а од пред три сезони и како асистент тренер во сениорскиот тим каде соработуваше со Југослав Тренчовски, Александар Таневски и Александар Васоски, стои во информацијата на официјалната страница на „пандевци”.

За продолжението на првенството прволигашот се засили со Димитар Митровски (22), кој последно има настапувано за екипата на Спортинг  Лисабон, Португалија и ги има поминато сите младински репрезентативни селекции на Македонија. Митровски игра на позициите крило и офанзивен играч за врска, а освен во Португалија претходно има настапувано и за екипите на Ханза Рошток, Магдебург и Работнички.

„Акамдемија Пандев” ги започна подготовките за вториот дел од првенството на 10 овој месец, а на 20 јануари екипата заминува на дваесетдневни подготовки во Анталија, Турција, каде треба да одигра шест контролни натпревари.

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

AnimeFreak Kiss x Sis (TV) Episode 4

AnimeFreak That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub)

High School DxD

My Hero Academia Season 2

tải go88