April 15, 2021 10:00
Спорт

Стојоски последен во квалификациската група на ЕП во Полска

Симболичен настап имаше Јован Стојоски на денешната трка во квалификациите на 400 метри на Европското првенство во Полска. 

Единствениот македонски претставник на евро-шампионатот трката ја заврши со време 48,6 секунди. 

Македонскиот атлетичар за време на трката имаше контакт со италијанскиот тркач Лоренцо Бенати, по што го загуби ритамот и не успеа на крај да стигне до позначаен резултат. 

На ова првенство требаше да учествува и Дарио Ивановски на трката 1500 метри, но тој мораше да го откаже настапот поради позитивен тест на коронавирус.