August 5, 2021 04:37
Македонија

Стојаноска: Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието

Тврдењата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието на Република Македонија се неточни, изјави Дафина Стојаноска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ треба да престане да ги политизира законите за кои што на последната средба помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, беше договорено дека треба да се седне и заеднички да се состават консензуални предлог решенија кои што пред се ќе бидат во интерес на граѓаните. СДСМ и покрај договореното наместо како владеачка партија да обезбеди атмосфера за соработка тие единствено се служат со дневно пласирање на обвинувања со цел да ја прикријат нивната неспособност и немањето на капацитет за спроведување на суштински реформи и капитални проекти од суштинско значење за државата.

ВМРО-ДПМНЕ досега се однесуваше и ќе продолжи да се однесува контруктивно и државнички и нема да дозволи Владата која што Република Македонија ја претвори во синоним за корупција да продолжи да носи закони со цел да си ги спроведуваат нивните лични и партиски интереси и криминали. Граѓаните треба да добиваат квалитетни законски решенија кои што се резултат на суштински и издржани дебати во кои ќе учествува експертската јавност, а не некакви реформи и закони кои немаат допир со реалноста и секојдневното живеење, изјави Стојановска.

AnimeFreak animefreak boku no hero: Watch Assassination Classroom (Dub) Episode 8

WCOStream anime online: Watch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 3 (https://wcostream.cc/m/L44N/ep-3)