December 6, 2022 22:01
Македонија

Стојаноска: Георгиевска нечовечки ја води седницата, говорот на Стаменкоска Трајкоска не е завршен

Пратеничката од СДСМ и претседателка на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата Марија Георгиевска нечовечки ја води седницата. Нема да одмолчиме и да дозволиме така да се однеусва, рече денеска на прес-конференција во Собранието пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.

Како што истакна Стојаноска, говорот на пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ во кој таа зборува за кандидатот за уставен судија, Љубомир Јовески, не е завршен.

-Она што се случува на последните две продолженија од вчера и од петокот е реакција на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на акцијата на самоволието на владејачкото мнозинство кое користи двојни аршини при водење на седницата. Не знам зошто уште не е свикано 20-тото продолжение на кое бараме Георгиевска да ги даде стенограмските белешки од продолжението на кое говорот на Стаменкоска Трајкоска е наводно завршен или да достави видео запис, за да знаеме како понатаму ќе проодлжиме. Инсистираме на тоа дека говорот на колешката Бети Стаменкоска Трајкоска не е завршен по однос на последниот кандидат за уставен судија, Љубомир Јовески. Очигледно повеќе им пречи она што се говори на оваа тема зашто Стаменкоска Трајкоска повтори преку 200 скандали и криминали кои се обелоденети, но на кои Јовески не реагирал, а власта сака да го награди со местото уставен судија. Им пречат дискусиите, но за жал, не можат да ги прекинат, нагласи пратеничката.

На седницата, дополни Стојаноска, е отворена точка од дневниот ред, пријавени за збор се 30 пратеници, а Стаменкоска Трајкоска е 10-та.

-Нема ниту деловнички, ниту каков било друг механизам или маневар што би можеле да го измислат и да го применат. Физички е невозможно на пратеник што сака да зборува повеќе часови, да не му дадете минимална пауза од пет до 10 минути, рече Стојаноска, објаснувајќи претходно дека претседателката на Комисијата на Стаменкоска Трајкоска која зборувала девет часа, не и дала ни минимална пауза.