October 22, 2021 14:06
Свет

Стотици уапсени за време на протести против воведените мерки во Австралија

– Неколку полицајци се повредени, а стотици демонстранти беа уапсени денеска во вториот по големина град во Австралија, Мелбурн, при жестоките судири за време на протестите против воведените ограничувања.

Полицијата употреби бибер спреј и уапси повеќе од 200 лица во Мелбурн, откако неколку стотини граѓани ги прекршиле наредбите да останат дома и минаа низ кварт во центарот на градот.

Нелегалниот собир се одржа во момент кога градот минува низ својата шеста блокада од почетокот на пандемијата на Ковид-19. Полицијата соопшти дека шестмина полицајци биле пренесени во болница по судирите со околу 700 демонстранти.

– Она што го видовме денеска беше група демонстранти кои се собрале не за да протестираат против слободите, туку едноставно да се борат и тепаат со полицијата, изјави за медиумите командантот на полицијата во државата Викторија, Марк Галиот.

Полицијата се обиде да го намали пристапот до центарот на градот, блокирајќи ги патиштата и сопирајќи го јавниот превоз со цел да избегне повторување на насилните сцени од митингот минатиот месец, кога се собраа илјадници луѓе.

Огромен број полицајци успеаја да спречат сличен собир во Сиднеј, бидејќи паркот каде што требаше да се одржи беше преполн со униформирани полицајци.

Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека уапсила околу 20 лица во градот, главно во мрежата за јавен превоз, додека неколку други биле уапсени за време на помалите собири во државата.

Двата града се наоѓаат под продолжени блокади, а власта се обидува преку вакцинација на населението да се овозможи олабавување на рестриктивните мерки.

AnimeBee | Watch Anime Online | English Sub & Dub Anime Free

Website https://animefreak.ws: Watch Fudanshi Shoukan: Isekai de Shinjuu ni Hameraremashita animefreak Episode Full anime freaks anime

Animepahe: Space Patrol Luluco (Dub) anime episode 13 online free at https://animepahe.cc watch animes

ANIMEFLIX: Plastic Little anime episode Full online free at https://animeflix.nl animeflix anime

Reverbnation: https://www.reverbnation.com/artist/gogoanimebe

Atlas dustforce: http://atlas.dustforce.com/user/kissanimemx