October 13, 2019 11:44
Свет

Стотици мигранти го блокираа мостот што ги поврзува САД и Мексико

Стотици мигранти од Централна Америка денеска го блокираа пограничниот мост меѓу САД и Мексико во обид да извршат притисок врз Вашингтон за забрзување на решавањето на нивните барања за азил.

Околу 400 лица ја зазедоа мексиканската страна на мостот Гетвеј. Еден од нив за медиумите на шпански јазик рече дека тие не се обидуваат насилно да ја преминат границата, туку дека се уморни од чекањето да бидат процесуирани нивните барања за азил, јави ДПА. Мостот е затворен за пешаци и возила, освен за итните случаи.

Од јануари досега, САД вратија во Мексико повеќе од 40.000 мигранти. Многумина од нив се вратија во своите матични земји, додека други чекаат американските власти да одлучат по нивните барања за азил, процес што трае со месеци.

Нови вести

Саудиска Арабија одобри влез на нови трупи од САД

Filip

Почнаа парламентарните избори во Полска

Filip

Во експлозија во Кенија загинаа 11 полицајци

Filip