December 9, 2019 02:49
Свет

Стотици домови разурнати во Франција, Шпанија и Италија по бурата Амели

Стотици домови се разурнати во Франција, Шпанија и Италија по бурата Амели, а илјадници лица останаа без струја.

Невремето ја зеде и втората жртва, кога во понеделникот една жена во Ница настрада при свлечиште на земјиштето.

На некои места јачината на ветрот достигнува до 160 километри на час, поради што се формираат огромни бранови.

Бурата го зафати северното крајбрежје на Шпанија и реонот на островот Мајорка. Во Италија дојде до излевање на реките, од што голем број улици се поплавени.

Невремето веќе ослабнува и состојбата почна да се нормализира.

Нови вести

Шојгу: Односите меѓу Русија и НАТО само се влошуваат

zane

Трамп: Ким ризикува да загуби се

zane

Еспер: Наредив преиспитување на безбедноста на воените бази во САД

zane