Економија Македонија

Стопанска комора на чело на платформата за јавно- приватен дијалог

Харолд Вилсон,британскиот премиер од 70-тите години, ние „коморџиите“ ќе го запаметиме по неговата легендарна изјава во која рекол:„Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирањето на законите, отколку како противник во нивната примена“.Но сѐ уште не е роден лидер кој ќе ја каже формулата за тоа, бидејќи јасно е дека тоа танцување меѓу јавниот и приватниот сектор изгледа како еден пар кој повеќе се гази преку чевлите, отколку што танцува. Ако не знаете зашто, тоа е за парите. Прашањето сега е следно: зошто овој принцип неможе да функционира како што е запишано. Во светот на ова прашање ќе најдеме илјадници одговори, но ајде ние да ги оставиме компаративните анализи настрана и да видиме како е кај нас.

Штом УСАИД почувствувал потреба во 2018 година да го стави ова прашање на маса ида помогне во неговото надградување, сигурно имало причина за тоа. И морам да признам дека со нивна поддршка тоа на некој начин и заживеа. Се сеќавам дека кога и Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) пред 20-ина години започна проект за профункционирање на Асоцијацијата на балканските комори (АБЦ), нѐ натера да сфатиме колку сме далеку на толку близок простор. А тоа го направи на наједноставен начин. На една наша средба ни постави две прашања: колку често се состанувавте пред проектот и како дојдовте на состанокот во Сараево. На првото прашање одговорите беа многу малку или никогаш, а на второто дека во Сараево дојдовме преку Виена и Истанбул. Нивното инсистирање на постоењето на АБЦ нѐ принуди на поблиска соработка, која потоа се надгради со проектот на ЦЕФТА и на Коморскиот инвестициски форум. Така и со Платформата во која се вклучени четирите комори(СтопанскатакоморанаСеверна Македонија,СтопанскатакоморазаинформатичкиикомуникацискитехнологииМАСИТ, СтопанскатакоморанаСеверозападнаМакедонијаиСојузотнастопанскикоморинаМакедонија). Не дека не соработувавме,но Платформата понуди метод на постојана комуникација меѓу коморите, но и на поодговорен однос на Владата,претставена од Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и за инвестиции. Средбите се однапред закажани секој месец, последниот петок, методологијата на работа е однапред утврдена, а резултат на сето тоа е завршување на проектот на УСАИД и продолжување со работа на Платформата како постојана институција во интерес на бизнисот.

Секогаш си го поставувам прашањето зошто мора некој однадвор постојано да нѐ организира и да нѐ тера на соработка. Во нашиот случај тоа е многу едноставно бидејќи бизнисот е сечиј интерес. Но и во такви услови постои блокада на сфаќањата дека тоа мора да се негува и да се надградува. Затоа го изразувам своето задоволство што во наредниот период ќе претседаваме со оваа платформа и уверувам дека ќе направиме сѐ тоа да биде на највисоко професионално ниво и во интерес на севкупниот бизнис во нашата држава.

4anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

Attack on Titan Season 3 (Dub)

watch anime dub JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable

My Hero Academia Season 5 (Dub) Episode 22

anime streaming Boruto: Naruto Next Generations

4Anime Record of Ragnarok Episode 5