August 19, 2022 12:35
Свет

Столтенберг: Турција се согласи Финска и Шведска да станат членки на НАТО

Турција се согласи да ги поддржи напорите на Финска и Шведска за влез во НАТО, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

– Со задоволство можам да објавам дека сега имаме договор кој го отвора патот за Финска и Шведска да се приклучат на НАТО, изјави тој за новинарите на маргините на Самитот на НАТО во Мадрид.

– Турција, Финска и Шведска потпишаа меморандум кој се однесува на загриженоста на Турција, вклучително и извозот на оружје и борбата против тероризмот, додаде тој.