December 14, 2019 14:52
Балкан

Столтенберг: Србија сама носи одлуки

– Србија, како воено неутрална земја која нема цел да влезе во НАТО, носи свои одлуки, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, додавајќи дека е на Србија да одлучи каква телекомуникациска и цивилна инфраструктура сака да има.

Столтенберг ова го кажа во интервју за Гласот на Америка, одговарајќи на прашањето како ја коментира загриженоста за улогата на Кина во регионот кога станува збор за новата 5Г технологија.

Тој објасни дека земјите што се членки на НАТО или се стремат да влезат во Алијансата, како што е Северна Македонија, мора да исполнуваат стандарди, вклучително и безбеден и сигурен начин на комуникација.

Столтенберг рече дека барањата што треба да се исполнат кога станува збор за цивилната инфраструктура и телекомуникации, како што е технологијата 5Г, не важат за земји кои не се членки.

– Можеме да ги замолиме или да ги советуваме, но останува на Србија да одлучи какви телекомуникации сака да има и како сака да ја организира својата цивилна инфраструктура, рече Столтенберг.

Нови вести

Во Србија различни реакции по договорот за одложување на изборите во земјата

Valentina

Хазири: Денеска ќе се постигне големиот договор меѓу ЛДК и ВВ за промени во Косово

Valentina

Една година од формирањето на војската на Косово

Valentina