July 25, 2021 17:51
Балкан

Столтенберг: Праведно е Младиќ да одговара за своите злосторства

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја поздрави одлуката на Хашкиот трибунал да ја потврди првостепената пресуда против поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ.

– Праведно е тој да одговара за своите страшни злосторства врз цивили, вклучувајќи убиство на илјадници босански мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година, се наведува во соопштението на Столтенберг.

НАТО наведува дека Алијансата помогнала да се завршат двете етнички војни на територијата на Западен Балкан во 90-те години од минатиот век и да се затвори „мрачното и срамно поглавје од европската историја”.

– Регионот останува стратешки важен за нашиот Сојуз. Ќе продолжиме да придонесуваме за стабилноста и безбедноста низ земјите од Западен Балкан, промовирајќи мир и помирување, се заклучува во соопштението.

https://animeflix.nl animeflix black butler. Cutey Honey Episode 25

https://wcostream.cc wcostream we bare bears. Watch Tama and Friends Episode 10

https://animebee.to dubbed anime. Watch Colorful Episode Full

KissAnime Sites Google: https://sites.google.com/view/kissanime-official/home