Свет

Столтенберг на попладневни средби со грчкиот претседател и премиерот во Атина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денес ќе ја посети Атина и во попладневните часови ќе се сретне со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, jави дописничката на МИА од Атина.

Средбата со Павлопулос е закажана за 17, а со Мицотакис во 19 часот по локално време, по што ќе се одржи и прес конференција.

Столтенберг во Атина ќе пристигне од Италија, а од Грција ќе замине на средби во Истанбул.