November 29, 2022 06:30
Свет

Столтенберг: Вратите на НАТО се отворени, ќе се концентрираме на помагање на Киев

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека вратите на НАТО се отворени, но дека Алијансата ќе се фокусира на помагање на Киев.

– Секоја земја има право да си го дефинира својот пат. Вратите на НАТО се отворени, но Алијансата ќе се концентрира на помагање на Киев – рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО, исто така, смета дека мобилизацијата на поголем број војници и нелегалната анексија на делови од Украина претставува ескалација на руската војна во земјата.

„Овие акции претставуваат „најсериозна ескалација на конфликтот откако Москва го започна конфликтот во Украина во февруари“, додаде Столтенберг.

„Путин мобилизираше уште стотици илјади војници, се вклучи во неодговорно штракање со нуклеарна сабја и сега незаконски анектираше повеќе украинска територија. Заедно, ова претставува најсериозна ескалација од почетокот на војната“ – рече Столтенберг на прес-конференцијата, пренесуваат странските медиуми.