June 26, 2022 04:32
Свет

Столтенберг: Влезот на Финска и Шведска во НАТО би бил историски

По состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека доколку Финска и Шведска одлучат да влезат во Северноатлантската алијанса, тоа би било историско и ќе покаже дека вратата на НАТО е отворена, а агресијата не се исплати.

Столтенберг, кој се обрати на видео-конференција на заедничката прес-конференција со германската министерка за надворешни работи Аналена Бурбок бидејќи е заразен со коронавирус, рече дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја победи Украина и да ги подели Европа и Северна Америка, но тие се обединети и Украина може да победи во војната.

Бурбок рече дека вратите на НАТО се ширум отворени за Финска и Шведска.

„Шведска, Финска, ако сте подготвени, подготвени сме и ние“, рече Бурбок, додавајќи дека нивниот влез ќе го зајакне НАТО и ќе ги обедини северноевропските земји.

Столтенберг додаде дека на претстојниот самит на НАТО во Мадрид ќе бидат донесени важни одлуки, како одговор на новонастанатата ситуација во Европа.

Сојузниците ветија дека ќе обезбедат милијарди долари помош за Украина, како и обука, рече Столтенберг.

Запрашан за противењето на Турција за влезот на Финска и Шведска во Алијансата, тој рече дека е важно да се истакне дека НАТО ќе ги почитува одлуките на Финска и Шведска, но и дека Турција е важен сојузник.

„Убеден сум дека ќе успееме да најдеме заеднички јазик“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека процесот на проширување на НАТО е многу успешен во текот на годините и дека Финска и Шведска се најблиските сојузници на НАТО кои се’ уште не се нејзини членки.

Според Столтенберг, НАТО треба брзо да реагира доколку овие две земји решат да му се приклучат. Посочи дека НАТО многу внимателно следи што прави Русија и дека е подготвена да реагира доколку Москва изврши каков било напад врз членка на алијансата.

Столтенберг додаде дека потенцијалното членство на Финска и Шведска е „важно за НАТО“ и дека алијансата ќе истражува начини да обезбеди безбедносни гаранции во балтичкиот регион.

Финска денеска објави дека ќе поднесе барање за членство во НАТО, а се очекува Шведска да се изјасни по тоа прашање во текот на денот.

https://go88.gg/

where can i buy sunwink không rút được tiền sunwin sunwin mới nhất