Спорт

Стоичков до Дембеле: Измамнику не го валкај клупскиот грб, оди си од Барселона

Христо Стоичков му порача на Усман Дембеле под итно да ја напушти Барселона. Гостувајќи во подкастот на „Мундо Депортиво“, легендарниот бугарски напаѓач, го нарекол „измамник кој го валка грбот и името на Барселона“.

Усман Дембеле е вториот најскап трансфер во историјата на Барселона. Стоичков, гостувајќи во подкастот, најпрвин ја прочитал статистиката која стои зад името на францускиот напаѓач во изминатите четири години, а потоа лично му се обратил.

„Кога веќе не сака да си во Барселона, тогаш немој да го валкаш грбот. Самиот треба да кажеш: „Господо заминувам“. Господине Лапорта, отворете му ја вратата и пуштите года си оди. Такви ликови, кои не чувствуваат што значи да го носиш дресот на Барселона, не ни се потребни. Јас знам што значи Барселона. Секоја чест за Чави што не го стави во тимот на последниот натпревар“, рекол Стоичков и продолжил.

„Јас овде дојдов како странец, а бев во тимот Караско, Кубала, Линекер, Бакер и останатите великани. Знаев на кое место доаѓам, ја знаев историјата на клубот, знаев што прествува за луѓето. Ти тоа никогаш нема да го разбереш. Ти благодарам што не измами, бидејќи верувавме дека си фудбалер. Јас тоа не можам да го кажам бидејќи играв на твојата позиција“.

Спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани, вчера, соопшти дека Барселона нема повеќе да преговара со Дембеле околу новиот договор и дека фудбалерот до крајот на преодниот рок мора да го напушти клубот.

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

ani watch app AniWatch Fairy Tail

AniWatch Ranking of Kings

AniWatch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2

AniWatch Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway

online anime AniWatch Hunter x Hunter (2011) (Dub)