June 28, 2022 15:13
Спорт

Стоилов и Дибиров: Ова е голем удар, сега сите сме во неизвесност!

Вардар вчера официјално беше исклучен од Лигата на шампионите и Македонија нема да има претставник во елитното натпреварување првпат по 22 години.

Иконите на Вардар, Стојанче Стоилов и Тимур Дибиров, се разочарани по ваквата одлука на европската куќа на ракометот.

Капитенот вели дека сите се во неизвесност и чекаат на состанок со раководството на македонскиот шампион да дознаат што ќе се случува понатаму.

„Голем удар му е нанесен на Вардар. Како може така да одлучиле? Не знам дали имале предвид дека тоа ќе биде страшно голем удар за клубот! Сите играчи чекаат и се во неизвесност околу тоа што ќе биде со Вардар понатаму. Чекаме со луѓето од клубот да видиме како понатаму“, изјави Стоилов за „Слободен Печат“.

Во изјава за истиот медиум, Дибиров коментираше дека е разочаран и дека се уште е рано да се зборува за следен чекор.

„Има големо разочарување и некакво чувство на неправда Се уште е рано да зборуваме што понатаму, затоа што се уште немаме поконкретни информации од клубот. За одредено време треба да се собереме сите и ќе разговараме како Вардар ќе функционира понатаму. Моментно сме во неизвесност“, изјави Дибиров.

Двајцата играчи се со најдолг стаж од актуелниот играчки кадар во Вардар и беа дел од освојувањето на двете шампионски титули во 2017 и 2019 година.

go88 mới nhất go88 play info giải mã md5 go88

https://sunwin.fan/