January 24, 2020 01:20
Ракомет Спорт

Стоилов: Да победиме за себе и за целата нација

Во пресрет на денешниот натпревар со ко-домаќинот на Европското првенство, во таборот на македонската ракометна репрезентација владее оптимизам дека може да се постигне позитивен резултат. Пивотменот Стојанче Стоилов верува во победа и пласман во втората фаза на шампионатот.

– Посакувам со победа да ја израдуваме целата нација. Освен што се домаќини, Австријците со ништо друго не ме плашат. Секако дека имаат квалитетни играчи, но ние можеме да ги сопреме нивните шутери. Посакувам помладите да бидат похрабри и да се прикажат во вистинско светло. Мотив не ни недостасува и верувам во успех на крајот, изјави Стоилов на денешната прес-конференција.

На македонската репрезентација за сигурен пласман и е потребна победа. Почетокот на натпреварот во „Штадхале” во Виена е во 18 часот и 15 минути.

Нови вести

Начевски и Николов ќе го судат финалето на Европското првенство!

Filip

Нурмагомедов бара 100.000.000 долари за реванш со Мекгрегор

Filip

(Видео) Ѓоковиќ во Мелбурн го претстави новиот спаринг-партнер

Filip