September 20, 2021 22:14
Македонија

Стоилковски: 85.000 градежни квадрати продадени колку за 70 станбени квадрати во Скопје

Се што гледате зад мене, 85 илјади метри квадратни, парк, шума, природа, се ова е продадено по цена од речиси 70 метри квадратни стан во центарот на Скопје. 85.000 метри квадратни, сега градежно земјиште тука од СРЦ Треска, сега градежно земјиште е продадено по цена од само еден стан во центарот на Скопје!

Цело СДСМ, цело ДУИ се истопори онаму каде што Петре Шилегов ветуваше спортска академија, спортски школи, одморалиште за цело Скопје, СДСМДУИ и Шилегов се истопорија да прослават почеток на градба на елитна населба, на земја продадена за само 70тина денари по еден м2!

Сјајот на СРЦ Треска на Шилегов, згасна како што згасна и идејата за зиплајнот до Кале или како тунелот – сообраќајница под скопската тврдина. Се што вети Петре Шилегов, и се што вети СДСМ за Скопје се излезе лага! Ќе го цитирам сега Петре Шилегов од она што тој го говореше токму од ова место пред езерото Треска во октомври 2017-тата година од последната недела од изборната кампања за локалните избори тогаш:

Вели Петре Шилегов – „Си дадовме зборОвој запуштен рекреативен центар го враќаме од заборавот! Ги ревитализираме, игралиштата, патеките, урбаната опрема и останатата опрема со цел да ги вратиме посетителите кои што во минатото ги имаше во огромен број. Просторот ќе го исполниме со содржини за деца и за млади, за спортисти и за одржување на разни фестивали од спортот и од културата. Ја ревитализираме можноста да преселиме некои од спортските институции, факултетот за физичка култура, или спортската академија, во рамките на овој комплекс, како би овозможиле баш оваа инфраструктура да биде од корист и на учениците и на наставниот процес, во тие институции”, и така натаму и така натаму, ветуваше Петре Шилегов во последната недела од изборна година, изборната кампања во октомври 2017-тата година токму од ова место, заедно со тим од СДСМ, од она што тогаш беше Комисија за спорт од СДСМ.

Ова се ветувањата во 2017-тата, а во 2018-тата година земјиштето се продава за 70-тина денари по еден м2. Или 85.000 м2 градежна површина по цена од само еден стан од 70-тина квадрати во Скопје. Каква лага! И таа лага продолжува:

Петре Шилегов, во интервју дадено на 23-ти јануари оваа година вели – „Владата уште во 2017-тата година одлучи тоа место да стане туристичка зона”. Од владата порачаа такво барање се разгледува, а барањето од општината Сарај било поднесено кон крајот на 2020-тата година!

Е па почитувани, Шилегов мора да каже, кога лажел ако Владата во 2017-тата година донела решение за рушење на СРЦ тогаш Петре Шилегов свесно лажел во изборната кампања при посетата заедно со дел од политичките активисти СДСМ или пак лажел во оној другиот дел кој што го цитирав заедно со спортските работници што се ќе изгради овде и како ќе го врати сјајот тука! Ако не е така, тогаш лажеше во интервјуто дадено во јануари оваа година! Или зборува онака како што ќе му дојде, без факти, вртејќи ги фактите онака како што нему му одговара.

Почитувани,

Петре Шилегов мора да понесе одговорност за лажењата пред скопјани! И повторно малку математика!

Согласно ценовникот за продажба на замјиште, од 2016-2017 година, во околината на СРЦ Треска, во атарот на селата Глумово и Сарај нема парче земја и тоа земјоделско земјиште продадено или купено под 10 евра за еден м2 и тоа ниви во околината на она сега што е  градежна парцела, за елитна населба промовирана од ДУИ и СДСМ, покрај лагите на Шилегов од 2017-тата година.

Така што овие 85.310 квадрати продадени за 71 денар по квадрат, чини 6 милиони 57 илјади и 10 денари, во евра 98 илјади 488 евра. Значи за неполни 100 илјади евра се продадени овие 85.310 м2 од СРЦ Треска.

Само по цена од пред неколку години, значи од таа 2016 – 2017 година кога Шилегов го даваше ветувањето по 10 евра, значи реалната цена тогаш, а и сега веројатно би била 846 илјади 165 евра.  Разликата изнесува 747 илјади 676 евра! Ете толкава е разликата во цената, толкава е разликата во продажбата.

СДСМ, ДУИ и Петре Шилегов мора да одговорат, зошто има толкава разлика во цената? Шилегов лично треба да одговори, оваа разлика од 750 илјади евра ли е цената на лагите за СРЦ Треска?

Доста е лаги од СДСМ доста е лаги од Шилегов. Сешто вети, а во цел мандат единствено што отвори тоа беше два пати една автобуска станица во ГТЦ во Скопје. И тоа два пати, со нему својствени журки!  Нема полошо за Македонија од СДСМ. Нема полошо за Скопје од Шилегов.

TwistMoe: Kabaneri of the Iron Fortress: The Battle of Unato anime episode Full online free at https://twistmoe.net anime stream

Watch Bounty Dog: Getsumen no Ibu Episode 2

AnimeKisa: Hero Mask anime episode 15 online free at https://animekisa.in watch animes

KissAnime Watch english anime Online in HD for FREE

Animeflixnl contently: https://animeflixnl.contently.com/

Twinoid: https://twinoid.com/user/10011253