February 3, 2023 11:42
Македонија

Стоилковски: Тимот на Данела после овие тајни средби со Ковачевски е СДС, ДУИ и Левица

„Јас ги поздравувам возачите кои што се одважија и кои што покажаа храброст која што ние потребна како нација за да создадат еден хаос за да укажат на хаосот кој што нѐ гази сите во општествово. Затоа што ова е проблем на општествово, не е само долгот финансиски кон нив, туку односот кон вработените. Сето ова мене ме враќа во 90-тите, на она мрачно време на транзицијата. Зошто? Точно 48 часа нема одговор Арсовска на прашањата кои што редовно ги поставувам од говорницата за причината за долгот и неисплаќањето на истиот”, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринска емисија на радио „Лидер”.

Стоилковски додаде дека околу милион ипол евра должи Арсовска на превозниците. Превозниците имаат потпишано договор со Градот за да нудат и исполнуваат услуги. А, за истите Градот треба да им плати.

„Приватните превозници не се вработени во Град Скопје туку имаат свој влог таму, купиле автобуси, ставале бензин, дури им се дадоа и услови кои што треба да ги исполнат за да бидат дел од јавниот сообраќај во Скопје. И они инвестирале во тоа. И едноставно сега Град Скопје не им даваат пари”, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека за хаосот што се случува деновиве ја обвинува Данела Арсовска и Град Скопје.

„Јас го обвинувам и системот кој што да речеме е сега на повисоко ниво, еве претставник на тоа е Ристо Пенов. Како тој може да каже дека на сила ќе ги трга автобусите”, запраша Стоилковски.

Во текот на гостувањето Стоилковски се осврна и на соработката помеѓу Арсовска и Ковачевски. Премиерот излезе и во јавноста рече дека имал тајни средби со Данела Арсовска.

„Монструмот создаден и наречен Тачела, да го рашириме изразот Тачела. Многу ми се допадна Данела со Таче е Тачела. Бидејќи после тајните средби кои што ги призна Таче – Димитар Ковачевски е така една симбиоза на интереси заеднички. И тоа тајни средби. Внимавајте, премиер излегува и вели пред јавноста имавме тајни средби”, нагласи  Стоилковски.

„Тимот на Данела после овие тајни средби е СДС, Драги – Книга, секретарот на општината, директорите на СДС, Ковачевски, ДУИ, и Левица. Тоа е токму тимот на Данела во моментов околу неа”, рече Стоилковски.