June 23, 2021 08:03
Македонија

Стоилковски: Спасовски и Заев му дале полициско обезбедување на криминалецот Седат Пекер, попусти се обидите да се вадат, одговорност мора да има

Ова зад мене е Министерството за внатрешни работи водено од Оливер Спасовски, кој му даде полициско обезбедување и возила на Седат Пекер. Полициско обезбедување и возила за  турскиот криминалец при неговиот престој во Македонија.

Спасовски наместо да апси криминалци, тој им дава полициска заштита. Седат Пекер е лице кое се бара со потерница во Турција, добро познат на полициите ширум светот и Интерпол, а во Македонија од владата на Заев доби најголеми почести, полициско обезбедување, возила, и средби со функционери на власта.

Седат Пекер, еден од криминалците на кој им биле издадени македонски документи, сам кажува дека бил на гости дома кај Зоран Заев.

Попусти се обидите на Заев и на Спасовски да се вадат. За добивање на полициско обезбедување не одлучуваат службениците од пасошко кои ги наместија да преземат вина, туку Началникот на шестата управа, директорот на БЈБ, и Оливер Спасовски како министер кој што мора да биде известен.

Зошто МВР и Спасовски му дале обезбедување на Седат Пекер? Дали за тоа влијаела неговата дружба со Заев? Што правела АНБ и зошто не известила за каков криминалец станува збор? Доколку известила зошто известувањето или предупредување не е испочитувано?

Ова се многу сериозни прашања на кои што Спасовски и Заев мора да одговорат. Не знам дали се свесни, но и да не одговорат денес, ден за одговори и одговорност ќе има. Злоупотребата на полицијата за заштита на криминалци нема да остане неказнета.

Прашање: Коментар за изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со состојбите во Израел и Блискиот Исток?

Одговор:  Денеска е појасно дека изјавата на Христијан Мицкоски е во насока на ставот на стратешките партнери  на Македонија.

Изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со случувањата во Израел, е во иста насока со ставот на американскиот претседател Џо Бајден, кој што изрази разбирање за реакцијата на Израел.

Изјавата на претседателот Мицкоски не се однесува кон палестинскиот народ, ниту пак кон муслиманите, или пак кон арапскиот народ. Ставот се однесува кон правото на држава пријател на Македонија да ја заштити својата територија која што е нападната и гранатирана од паравоена формација. Денес во Израел губат животи за жал подеднакво и евреи и христијани и сите кои што живеат на таа територија. И во оваа прилика апелираме на прекин на огнот, наоѓање на заедничко решение и смирување на тензиите и насилствата.

Во исто време како партија, како ВМРО-ДПМНЕ силно ги осудуваме сите закани кои што беа испратени до Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од радикални екстремистички елементи, и говор на омраза кој беше насочен од центри на моќ кои што работат во спротивност со стратешките интереси на државава и на нашите стратешки партнери.

Запрепастува молкот од МВР кое го повикуваме да реагира и да постапки во насока на истражување на таквите закани и нивно санкционирање согласно важечките прописи. Истото тоа министерство водено од мафијашки структури на Оливер Спасовски беше тоа кое го повлече и обезбедувањето на претседателот а кое денес гледаме молчи на таквите закани врз Христијан Мицкоски.

AnimeDao tokyo ghoul animedao: Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 13

AnimeHeaven toradora anime heaven: Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 6