September 24, 2019 11:20
Македонија

Стоилковски: Костадине, наместо да седиш на тастатура, дојди овде пред камерите, да се соочиме со аргументи

Можеби онаа реченица на Крими Заев, „изгубен во времето, ќе талкам по семето“, најдобро ја опишува состојбата во која што се наоѓа Костадин Костадинов.

Човекот здушно го брани криминалот на Зоран Заев, како да се работи за сопствен интерес. Очигледно е дека зад паниката на Костадинов се крие и личен интерес и спречување на јавноста да дознае за неговиот неморален карактер. Костадине, наместо да се мачиш и да седиш по цел ден на тастатура, дојди овде пред камерите, да се соочиме со аргументи. Па да им одговориш на граѓаните. Дали си толку гласен, затоа што твои фотографии и тонски записи се најдени во телефонот на твоето другарче Боки Тредичи?

Дојди Костадине тука пред камери кажи им на граѓаните, дали и во кои два големи градови во една наша соседна држава си се забавувал до раните утрински часови со другарчето Боки Тредичи? Чии пари си трошел таму, доколку си бил!?

Колку пари Костадине наместо за плочки во зградата на Интерни клиники завршија за луксузните забави со Боки Тредичи?

Дали неморалните и развратни забави се животот кој што го ветувавте Костадине Костадинов!?

Дојди Костадине, не се плаши, победи го стравот и кажи им на граѓаните што има во телефонот на Боки Тредичи што ти предизвикува толкав страв?

Доколку Заев се плаши од тоа да не се дознае дали чантата со милиони завршила на Илинденска бр. 2, дали ти се плашиш да не го дознаат граѓаните твојот неморален карактер?

Излези Костадине не се плаши. Тука пред новинарите ќе им кажеш на граѓаните, не мачи ги и и нив но и себе да доаѓаат по два пати.

И  секако за крај Костадине, го делиш ли ставот на Зоран Заев за Боки Тредичи?

 

Нови вести

Здруженија за заштита на животни тврдат дека во штипскиот стационар успиваат здрави животни

zane

Владата денеска ќе ја одржи редовната 155-та седница

Igor

Судењето за „Маџар телеком” одложено за 30 септември

Igor