November 19, 2019 22:36
Македонија

Стоилковски: Заев нека провери дали 45 дена пред редовните влегуваат во делот на предвремени избори

Зоран Заев да провери дали 45 дена пред регуларните избори влегуваат во оној дел на предвремени избори, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев дека предвремени избори би се одржале 45 дена пред редовните, односно кон крајот на октомври идната година.

Стоилковски рече дека Заев треба да престане да ги лаже граѓаните дека средбите коишто ги организира се за добриот рејтинг на партијата.

„Доколку верува дека има добар рејтинг, верувам дека не би му пречело да организира предвремени парламентарни избори. Но едно е сигурно дека Зоран Заев и неговите лажливи политики губат. Еве ги сведочењата ги слушнавме, нема 300 пилоти во Арачиново, нема ниту канализација во Арачиново, а веќе влегуваме во изборна година“, нагласи Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање.

Нови вести

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Filip

Каевски на трибина во Ресен: Наскоро завршува реконструкцијата на спортската сала, следува и изградба на ново игралиште

Filip

Премиерот Заев и министерката за финансии Ангеловска со новинари од повеќе медиуми: Буџетот е ликвиден и реален, израз на крупните политики и храбри одлуки

Filip