August 12, 2020 02:09
Македонија

Стоилковски: Дали е точно дека фирмите кон кои должи СДСМ молчат зошто добиваат закани и уцени од власта

 

Зоран Заев и Спасовски молчат за долгот на СДСМ од 2.5 милиони денари.Ако постои синоним за зборот лицемерие тогаш тој ќе се Зоран Заев и СДСМ, вели Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Практично тие прават политичка хајка со впрегнати државни институции врз ВМРО-ДПМНЕ, а го кријат очигледниот долг на СДСМ кој е во износ од 2.5 милиони денари.
Се уште не кажаа на јавноста според кој член на законот постоењето на долг е казниво, бидејќи таков член во законот не постои.
Криминалната двојка Заев и Спасовски молчат за тоа кому му должат.
Дали е точно дека фирмите кон кои должи СДСМ молчат зошто добиваат закани и уцени од власта?
СДСМ мора да каже кои се фирмите кон кои должат, и зошто тие се тајна.
Дали сега Михаузен Костадинов ќе излезе да даде одговори или ќе се сокрие позади уште едно алиби соопштение?