August 24, 2019 20:20
Македонија

Стоилковски:Централната и локалната власт во Охрид ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните


Централната и локалната власт во Охрид ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните. Тие при очи го прават народот слеп, па го убедуваат дека едвај на прсти се броеле дивограбите во Охрид, поради кои е загрозен статусот на градот во УНЕСКО.

Дали кога бројат на прсти ја бројат и дивоградбата кај чинарот во сопственост на советникот во Охрид Нефи Усеини? Нормите за градење се јасни кога станува збор за вакви дивоградби каква што е дивоградбата на Усеини која што власта во Охрид, но и централната власт ја толерира.

Законот во член член 244-а вели дека: Тој што гради или изведува градба или врши надзор  над градба без одобрение за градење  или спротивно од одобрение за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од 3 до 8 години. Доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спротивно на закон или не издаде одобрение за градење, односно не го одбие барањето за градење во соодветен рок пропишан во член 59 од законот одговорното односно службеното лице подлежи на кривична одговорност согласност Кривичниот закон.

Градоначалникот на Охрид и локалната власт, наместо да постапуваат според законот за градење и да ја урнат дивоградбата, си играат мајтап со јавноста и ги оставаат бизнис – партиските интереси пред интересите на граѓаните. Тоа веќе е очигледно бидејќи речиси половина година не се постапува, ниту кога дивоградбата беше во зачеток, ниту денес кога дивоградбата се претвори во дел од угостителски објект од која некој дебело заработува.

Затоа јавно прашуваме:

Дали градоначалникот Константин Георгиевски освен политичкиот има и материјален интерес од оваа дивоградба?

Дали локалната власт и градоначалникот кривично ќе го гонат советникот Нефи Усеини за оваа дивоградба?

Дали градоначалникот Георгиевски е свесен дека заради непостапувањето и тој лично станува соучесник во ова прекршување на законот и самиот може да биде кривично гонет?

Јавноста и во случајот со дивоградбата во Охрид јасно гледа дека оваа криминална власт нема абер од почитување на законите. За нив власта е само гола политичка алатка за личен бенефит и ништо повеќе од тоа.

Прекршувањето на закон едноставно кажано е криминал и за тоа мора да има кривична одговорност. Ако сега се чувствуваат комотни и заштитени, треба да знаат дека ќе дојде време кога обвинителството ќе биде ослободено од канџите на Зоран Заев и сите ќе одговараат. Тоа време брзо ќе дојде .

 

Нови вести

Филипче: Останува концептот за Детска кардиохирургија, операции и во двете приватни болници

Igor

ЗНМ и СЕММ: Медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Igor

Ќе се избира нова компанија за делницата Дреново-Фариш

Igor