January 16, 2022 19:49
Свет

Стејт департмент: САД со нетрпение очекува да соработува со новата германска влада

САД соопштија дека со нетрпение очекуваат да соработуваат со претстојната германска влада откако коалицијата на левиот центар постигна договор.

– Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата германска влада на нашите цели за ревитализација на трансатлантското партнерство, зголемување на соработката со нашите сојузници во НАТО и подигнување на нивото на амбиција на нашите односи со ЕУ, изјави синоќа портпаролот на американскиот Стејт департмент.

– Сигурни сме во очекувањата дека односите меѓу САД и Германија ќе продолжат да бидат неверојатно блиски и ефективни, додаде портпаролот на Стејт департментот, пренесува ДПА.

Олаф Шолц од Социјалдемократите (СПД), кој се очекува да стане следниот канцелар на Германија, вчера го претстави коалицискиот договор меѓу неговата партија и партнерите од Зелените и Слободните демократи (ФДП).

Се очекува Шолц да биде избран за канцелар од страна на Парламентот некаде околу 8 декември.

Според делот од коалицискиот договор за билатерални и регионални односи, партнерството со Вашингтон се опишува како клучен столб.

„Транслатлантското партнерство и пријателството со САД се централен столб на нашата меѓународна активност. Ние се залагаме за обновување и ревитализација на нашите транслатлантски односи со САД и Канада, кои планираме да ги развиваме на европски начин”, беше посочено во програмата околу која се согласија трите коалициски партнери.

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX The Rising of the Shield Hero (Dub)

Horimiya

free anime My Hero Academia Season 2

ANIMEFLIX Dragon Ball Z (Dub) Episode 282

anime flix ANIMEFLIX Tokyo Revengers