September 18, 2021 15:51
Култура Македонија

Стефоска: Се обврзавме на засилена заедничка работа со Република Албанија во зачувување на статусот на Охридскиот Регион

Денеска, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу (Народна Република Кина), донесе одлука Природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на Листата на светско наследство во опасност.

Комитетот со оваа одлука го препозна и уважи напредокот на Република Северна Македонија и Република Албанија во насока на зачувување и на исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион.

Со оваа одлука, Северна Македонија и Албанија се обврзаа да донесат заеднички стратешки план за рехабилитација на Регионот и дополнително да го подигнат нивото на билатералната заштита и управување со светското наследство. Двете земји  добиваат повеќе време за да ги исполнат препораките кои произлегуваат од реактивните мониторинг мисии и одлуките на Комитетот.

„Остануваме впишани на престижната листана УНЕСКО. Но, ако целото крајбрежје, целото културно наследство, ако нашите Охрид, Струга и Дебарца не се впишани во нашите срца, бадијала е впишувањето или отпишувањето од која било листа”, вели министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска.

Министерката Стефоска порачува дека оваа одлука  е последен момент, последен аларм да се интензивираат активностите на сите засегнати страни со цел да се зачува статусот на Охридскиот Регион.

Покрај засилената конкретна соработка со Албанија, во периодот кој претстои, Стефоска вели дека ја засилуваме соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери со цел соодветна рехабилитација и управување со Охридско-Струшкиот Регион.

Website https://animepahe.cc: Watch Shin Karate Jigoku-hen animepahe Episode 1 anime streaming

Website https://animetv.cc: Watch Uma Musume: Pretty Derby (TV) Season 2 animetv Episode 13 anime tv for free

Website https://animeheaven.pro: Watch Luigi's Toy Adventure animeheaven Episode Full animeheaven dragon ball z

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD

Wnyblues: https://wnyblues.org/My-Blues-Society/My-Profile/userId/137786

Animeflixnl simplesite: http://animeflixnl.simplesite.com/