December 3, 2022 09:49
Скопје

Стефковски: Пуштена во употреба реконструираната училишна сала во ООУ Дане Крапчев

Денес 27.09.2022 година (вторник), градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја пушти во употреба реконструираната училишна спортска сала во општинското основно училиште Дане Крапчев.
За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Учениците од ООУ Дане Крапчев добија комплетно реконструирана училишна спортска сала.
Денес ја пуштивме во употреба реконструираната училишна спортска сала во општинското основно училиште Дане Крапчев.
Се изврши комплетна реконструкција на салата со поставување на современа гумена подлога, молерски работи и се поставени рипстови, нови реквизити и справи за вежбање.
Учениците добија најсовремени услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование.
Продолжуваат инвестициите во образованието. Реализираме проекти со кои овозможуваме подобри услови за образование и воспитание на учениците. – напиша Стефковски.