October 6, 2022 13:50
Скопје

Стефковски засади дрва со ученици од различни етнички заедници

По повод Светскиот ден на мирот, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со ученици од повеќе основни училишта од различни етнички заедници засадија нови садници во дворот на општината.
За настанот градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Го одбележавме светскиот ден на мирот.
Заедно со ученици од општинските основни училишта Григор Прличев и 25 Мај кои се од различни етнички заедници го одбележавме светскиот ден на мирот со засадување на садници во дворот на општината.
На дечињата им порачав дека мирот го движи светот напред, а нашата етничка различност треба да преставува предизвик за другарување и градење на пријателство.
Оваа активност е во рамки на акциониот план за активности кои го изготвивме согласно заклучоците од вчерашната седница на Советот за превенција. – напиша Стефковски.