October 25, 2020 00:18
Хроника

Старец со „голф“ прегази двајца малолетници кај Kичево

На 20.09.2020 во 18.10 часот на локалниот пат кај село Челопеци во Кичево, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(73) од Кичево, удрило во двајца пешаци- малолетници од Челопеци.

По незгодата, тие  биле пренесени во Медицински центар Кичево, при што кај едниот биле констатирани телесни повреди, а кај другиот тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.