February 2, 2023 22:50
Економија

Стапката на невработеност во третиот квартал 14,3 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2022 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 808 328 лица, од кои вработени се 693 062, а 115 266 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 55.2, стапката на вработеност 47.3, а стапката на невработеност изнесува 14.3 проценти.