February 18, 2020 10:13
Свет

Стано: Транспортните врски меѓу градовите се за просперитет на луѓето

Европската унија го поздрави потпишувањето на писмото со намери за повторно воспоставување на авионската линија Белград – Приштина.

– ЕУ ги поддржува сите мерки и активности што придонесуваат за олеснување на движењето и комуникацијата меѓу луѓето во Србија и Косово. Тоа е еден од начините за нормализирање на односите и унапредување на регионалната соработка, изјави за Танјуг портпаролот на ЕУ, Питер Стано.

Тој потенцира дека транспортните „врски меѓу градовите” ги зајакнуваат контактите меѓу луѓето.

– Овозможува подобра комуникација, како и туризам и бизнис, заклучува Стано.