Балкан

Стано: Приоритет на Косово во надворешната политика треба да биде дијалогот со Србија

Европската унија смета дека новите косовски институции треба да ја искористат можноста која таа им ја нуди со посредувањето во дијалогот со Србија, за да се дојде до успешен договор за помирување меѓу двете држави, порача портпаролот на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Петер Стано.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Стано за телевизијата Клан Косова изјави дека приоритетите кои ги определил премиерот Албин Курти се многу значајни за Косово на внатрешен план, но дијалогот со Белград треба да биде главниот приоритет на косовската надворешна политика.

– Внатрешните приоритети на Курти се многу значајни. Меѓутоа, во исто време, дијалогот е најбитниот приоритет на надворешната политика на Косово и не треба да се гледа како одвоен или како нешто што не е во согласност со другите приоритети кои ги спомна премиерот, изјави Стано.

Курти на вчерашната виртуелна средба со шефовите на дипломатските мисии на ЕУ во Косово, на која учествуваше и неговата заменичка, министерката за надворешни работи Доника Грвала, повтори дека приоритети на неговата Влада се правдата и вработувањето, односно реформите на правниот систем и промоцијата на инвестициите.

Во однос на дијалогот со Белград, Грвала изјави дека го поздравува интересот на УЕ, но дека сепак фокусот на Приштина е на борбата против пандемијата, економскиот развој и реформите во законодавството.

Меѓутоа, како што наведува Клан Косова, Брисел очекува поинакво фокусирање на косовските власти во надворешната политика.

– ЕУ и земјите членки очекуваат новите власти во Приштина да се ангажираат на конструктивен начин со цел да продолжат средбите во рамките на дијалогот олеснет од ЕУ и да ја искористат можноста која е пред нив за да го доведат овој значаен процес до еден успешен исход, изјави Стано.

Информациите за датумот и агендата на наредната средба на претставниците на Косово и Србија, рече Стано, ќе бидат соопштени „во прикладно време”. 

4Anime persona 4 the animation english: Watch Attack on Titan Season 2 Episode 6

AnimeTV 2 anime tv: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full (https://animetv.cc/m/7N1Q/ep-1)